Протест на сметководителите
Ковид пандемијата удри и врз сметководителите. Многу од нив се заразени со корона вирусот па се пожалија дека не можат навреме да ги подготват финансиските извештаи. Денеска излегоа на протест пред Владата. Бараат пролонгирање на роковите.
Сметководителите минатата недела барањата написмено ги доставиле до Владата, но велат дека се уште немаат одговор.
Немањето слух за нивните барања од страна на надлежните резултираше со денешниот протест.
Пролонгирање на роковите за доставување финансиски и даночни извештаи, како и предлог нови Закони за сметководствени работи, се дел од барањата кои ги побараа сметководителите на денешниот протест пред Владата.
Сметководителите не откриваат дали ќе го продолжат протестот. Велат следните чекори ќе зависат од исполнувањето на нивните барања.