Протест на приватните превозници, градот парализиран

Без решение и по остварената средба во ЈСП, помеѓу претставници на приватниот превоз и Управниот одбор на ЈСП велат од претставниците од приватниот  превоз. Додаваат дека не присуствувал никој одговорен и вработен од ЈСП.

Блокадата утрово започна во 7 часот. Претставниците од приватниот превоз со 30 автобуси го блокираа сообраќајот кај крстосницата кај Мавровка-поради неисплатениот долг од над 61 милион денари од ЈСП Скопје кон нив. 

Блокадата направи целосен хаос на улиците на Скопје и тоа во текот на целиот ден. Возачите нервозни, граѓаните кои чекаа автобус попусто се надеваа дека ќе стаса.

Велат, распоредот на возниот ред и она што е на мобилната апликација е поразлично од реалноста, на автобуските постојки истакнуваат дека чекат и до час и половина.

Една седмица како приватните превозници не сообраќаат. Денеска ситуацијата ескалираше со блокада на една од главните крстосници во градот. Од приватните превозници најавија дека блокадите ќе траат се додека не се исполнат нивните барања.

Проблемот со приватните превозници започна од почетокот на месецов со раскинувањето на договорите помеѓу Град Скопје и „Макекспрес“.