Протест на превозниците пред ЕУ во Скопје

Сирени, свирежи, блокади со камиони во центарот на главниот град.

Професионалните возачи го истурија бесот за нерешенот проблем  со ограничениот престој во Шенген-зоната. 

Пред седиштето на Европската унија во Скопје - побараа системско решение на европско ниво, да се третираат како професионалци, а не како турусти во рамки на Шенген-зоната, а нивниот престој да се пресметува во часови, а не во денови. 

Возачите и за проживеаните негативни искуства. Дел од нив завршиле и зад решетки откако на некоја граница им избројале повеќе денови во Шенген-зоната 

На протестот пред Делегацијата на ЕУ, дојдоа и претставници на транспортните компании. Велат дека работата е намалена. Голем број фирми веќе и одбиваат да возат поради ограничениот престој од најмногу 90 дена.

Од Македоската транспортна организација пак изразија оптимизам дека овој пат Брисел ќе има чувство за проблемот на транспортерите. 

Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери. Велат дека активно работаат на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со земјите од Шенген зоната.