Протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“

И вечерва граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“  ја блокираше раскрсницата кај Мостот Близнаци во Аеродром а во знак на револт против палењето на депонијата Вардариште. Повторно побараа затворање на депонијата, 24 часовен надзор и оградување на депонијата. Претходно, тие се сретнаа со министерот за внатрешни работи и преставници на локалната самоуправа.