Протест на дел од матичните лекари
Foto

Протест на дел од матичните лекари

Дел од матичните лекари денеска излегоа на протести, за да го изразат своето незадоволство, секој пред својата ординација. Тие протестираат, за како што велат игнорантскиот однос кон нив и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денеска.

Регираше министерството за здравство кои е изненадено од денешниот протест. Велат, матичните лекари не се игнорирани.

Од првиот ден на епидемијата добија медицинска заштитна опрема и покрај тоа што министерството нема никаква обврска да ги снабдува. Во однос на обезбедување помош од млади колеги министерството потсетува дека во јули 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа. Повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти.

0 Коментари

Остави коментари