Протест на болничари, хигиеничари и административци од Детската клиника
Педесеттина болничари, хигиеничари и административци од Детската клиника кои биле ангажирани со договори на дело од јануари се оставени без договор за работен ангажман.
На протест пред министерството за здравство денеска го изразија незадоволството што без никакво образложение надлежните не им ги продолжиле договорите.
Самир Нухи
„Одговорот од министерството е дека до денес нема средства, бевме и во Министерството за финансии ни кажаа дека ќе се обидат да ја средат работата, но до денеска немаме никаков одговор. Меѓу нас има работеле што работеле и по четири и по осум години со договор на дело“....
Седат Буши
„Не е прв пат ова да се случи, се случувало да доцнат, но на крајот од денот се решавало, но ова сега веќе е претерано и топката ја префрлаат од една на друга страна“....
Министерот за здравство пак откако ги прими на средба и го разгледа случајот порача дека Министерството креира политики базирани на податоци и потреби кои ги има здравствениот систем.
Азир Алиу – Министер за здравство
„На вработените не треба да им се дава лажна надеж и повторно треба да се крерираат политики базирани на потреби поткрепени со административни процедури, а во овој случај не така“.
Од министерството за финансии нема одговор за случајот.
Директорот на детската клиника Реџеп Мемеди тврди дека установата има потреба од овој персонал и дека тој навреме поднел барања за продолжување на работниот ангажман на овие лица.

