Протест „Марш на ангелите“ во Кочани - семејствата на загинатите ја одбија поканата за средба со Мицкоски

Попладнево во кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март.

Пред протестот родителите испратија соопштение во кое информираат дека одбиваат да се сретнат со премиерот Мицкоски на 13 мај, во вторник. А причината за одбивањето, според соопштението, е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани зашто сметале дека тоа е разумно и оправдано , особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.