Протест и блокади во Аеродром поради пожарот во Вардариште

Жителите на скопската општина Аеродром излегоа на протест и блокада на булеварот Србија поради силната миризба од неодамнешниот пожар во Вардариште. Бараат итна интервенција од надлежните институции и трајно решение на проблемот што како што велат го загрозува нивното секојдневние и здравје.