Протест: Еко-активистите бараат увид во сите наоди на инспектратот за загадувањето на Крива река, инспекторатот возвраќа дека истрагата е во тек

На протестот пред Министерството за животна средина, еколошките активисти побараа од Инспекторатот за животна средина да бидат транспарентни и да ги соопштат целосните информации за загаденоста на Крива Река откако во неа истече јамска вода од рудникот Тораница.

Активистите прашуваат, дали земјоделските производи кои се наводнуваат од оваа река, се безбедни за конзумирање? 

 

Од Инспекторатот за животна средина велат дека со оглед на истражната постапка, соопштиле тоа што било дозволено. 

- Дадена е информација до каде дозволува законот, зошто предметот е во Обвинителство.  Решението за надзор во рудникот Тораница е достапно на веб-страната на Инспекторатот. - Државен инспекторат за животна средина.

Еколошките здруженија алармираа и за квалитетот на водите низ Македонија - од држава со питка вода, ќе станеме држава со техничка вода, предупредуваат тие.

Еколошките активисти посочуваат дека доколку пред неколку децении, реките низ Македонија биле безбедни за капење, денеска многу малку од нив се користат за рекреација поради загаденоста.