Протеран амбасадорот на Либија во Атина, има 72 часа да ја напушти Грција
Foto

Протеран амбасадорот на Либија во Атина, има 72 часа да ја напушти Грција

Грчкиот министерт за надворешни работи Никос Дендиас утрово го повикал амбасадорот на Либија во Атина и му соопштил дека е донесена одлука за негово протерување од земјата. Амбасадорот има рок од 72 часа да ја напушти Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас утрово изјави дека ова не значи и прекин на дипломатските односи со Триполи.

 

Оваа одлука доаѓа по договорот меѓу Турција и Либија за морските зони, за кој Атина смета дека го прекршува меѓународното морско право.

0 Коментари

Остави коментари