„Просто и строго - Конески“

„ До кај што сум ја пренесол својата љубов, дотаму е мојата татковина. А вие, еј! На што сте смислиле да ја сведете?!“ вели великанот Блаже Конески на што, преку својата книга, писателот Иван Антоновски се надоврзува и вели: „ Но, сакам да верувам дека си ја сакаме нашата единствена комплетна татковина и покрај сите предизвици што и ги задаваме однатре. Оти тоа е најважно за да ја сочуваме, браниме и развиваме...Додека дишам, се надевам!“ 

„Просто и строго - Конески“ на Антоновски беше објавена неодамна и во неа се отвораат прашања и се изнесуваат согледби и заклучоци и за некои помалку анализирани, афирмирани и вреднувани, а важни сегменти од опусот на Конески.