Прослава на Божик според Грегоријанскиот календар втора година по ред под сенка на пандемијата со коронавирусот
Foto

Прослава на Божик според Грегоријанскиот календар втора година по ред под сенка на пандемијата со коронавирусот

Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот и светот“ (Urbi et Orbi).

Папата синиоќа служеше миса на Бадник во црквата Свети Петар, додека околу 2.000 верници со маски пред базиликата ја следеа церемонијата на екраните. Тој ги повика верниците повторно да ги „откријат малите радости на животот“ и да бидат понизни. На мисата, која беше преведена на повеќе јазици, присуствуваа амбасадори и претставници на други христијански цркви. Имаше околу 200 свештеници, бискупи и кардинали, кои исто така носеа маски.

Неколку стотици луѓе се собраа вчера вечерта во Витлеем, палестински град на окупираниот Западен Брег. Миса се служеше на Филипините, кои беа погодени од тајфунот Раи, во кој загинаа околу 400 луѓе, а десетици илјади останаа без покрив над главата.

Од друга страна, многу авиокомпании откажаа повеќе од 2.300 летови низ светот поради ограниченото патување поради Омикрон.

Коронавирусот ја натера Холандија да воведе карантин, познатиот Бродвеј ги откажа божиќните прослави, додека Шпанија и Грција повторно го воведоа задолжителното носење маски на отворено.

Во Франција вчера беа регистрирани новозаразени 94.000 луѓе, што е најголем број од почетокот на епидемијата во таа земја, додека во Велика Британија се заразени над 122.000 луѓе.

Во Јужна Америка, исто така, се воведени построги мерки, како што се задолжителна вакцинација или затворање на границите. 

0 Коментари

Остави коментари