Прослава 30 години Тинекс

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.
Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.