Проширена истрага: Приведени екс министри за економија, актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, директорот на ДЗС

Истрагата за катастрофата во Кочани се проширува за повеќе од 20 нови осомничени - меѓу нив поранешни и актуелни функционери. Со проширената истрага се опфатени тројца екс министри за економија Ваљон Сарачини, потоа Беким Незири како и актуелниот амбасадор во Норвешка Дритон Кучи. 

Со оваа нова фаза од проширената истрага опфатени се и актуелниот директор на Дирекцијата за Заштита и спасување, Џеват Селами како и министерот без ресор и поранешен прв човек на ДЗС Шабан Салиу. 

Акцијата за приведување е почната рано утрината. Осомничените се спроведени во различи полицикски станици каде се земаат искази. Основното јавно обвинителство и МВР со иста информација: 

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“., информираа од ОЈО и од МВР.

Според процедурите, осомничените даваат искази во полициските станици. Во претходната фаза од приведувањата осомничените добиваа привремен притвор по што се спроведуваа во судот во Кочани. Според потврдени информации и осомничените во оваа проширена истрага ќе треба да дата исказ во кочанскиот суд.  

Во меѓувреме, еден од осмничените екс министерот за Економија Кучи, од позиција на актуелен амбасадор во Норвешка - на социјалните мрежи најави дека се враќа во земјава со првиот авион 

„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје - не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред“ напиша Кучи.

Според досегашните информации од истрагата, листата на осмничени се проширува за да се утврди постапувањето или непостапвањето на надлежните иснтитуции од 2012 година па се до кобниот 16 март оваа година и дали  постои причинско-последична врска за катастрофата. 

За трагедијата во Кочани обвинителството има отворено истрага за 34 физички лица, меѓу кои има и 7 полициски службеници, како и за три правни лица. Во 30-дневен притвор се 31 осомничен, меѓу кои и тројца градоначалници на Кочани, како и групата од 7 полициски службенци.

Јавното обвинителство веќе предложи мерката притвор да се продолжи за нови 30 дена. Само за тројца од нив се бара мерката притвор да се замени со куќен притвор - за двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и припадник на обезбедувањето.