Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто
Foto

Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто

Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала  28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство и вадење на камен за 10,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42 227 денари.

0 Коментари

Остави коментари