Пропусти кои доведоа до пожарот во Кочани
Додека власта најавува засилени контроли и законски измени за заострување на условите за добивање на лиценца за работа на клубовите, дел од експертите велат во земјава има стандарди и прописи, но не се почитуваат.
Деканот на градежниот факултет Горан Марковски за ТВ 24 вели пожарот во кочанската дискотека ПУЛС покажа дека мора да има строга примена на правилата и прописите.
Според заменик командирот на противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски дополнителен проблем бил пристапот до објектот.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека од импровизираниот клуб Пулс не побарале елаборат за противпожарна заштита, не поднеле извештај до службите дека ќе се организира настан со голем број луѓе со цел да се обезбеди противпожарно возило и брза помош на концертот.
Просторот бил стар магацин за теписи, со еден и влез и еден излез, решетки на прозорците близу стамбена зграда со нелегална и фалсификувана лиценца. Не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект. И покрај тоа што немало пренамена, истиот добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години.