Пропаст на Алта банка: гувернерот НБ Трајко Славевски најави прес
Каква судбина ја чека Алта банка Белград и дали истрагата ќе се прошири и врз народната банка на Србија. Поранешни гувернер бараат одговорност од првиот човек на НБС порачувсјќи дека морале да го засилат надзорот над банката, особено по парламентарните избори и ризикот од одлив на капитал кога веќе се знаело дека владеачката гарнитура заминува од власта.
Кори Удовички – поранешен гувернер на народната банка на србија
„За да се случи некаква криза, некој морал намерно да работи на нејзино предизвикување, бидејќи инструментите за интервенција, како на Народната банка, така и на Министерството за финансии, се во рацете на луѓето кои управуваат со овие институции повеќе од една деценија. Народната банка не е обично поштенско сандаче. Таа е голема и сложена институција, во која секој сектор го следи својот дел од работењето на банката. “
Според Удовички, доколку се точни изјавите на адвокатот иван ниниќ за префрлање средства на сметка во македонија и русија, народната банка на србија морала да го ограничи меѓународниот платен промет на алта банка, без да се прекине нејзиното работење во србија...
А една недела по изборите, апсења има и во врвот на полицијата...По налог на вишото јавно обвинителство, приведени раководителот на Управата за криминалистичка полиција и раководителот на Службата за сузбивање на криминалот.. Осомничени се дека ги пречекориле своите овластувања и ја злоупотребиле службената положба ..Двајцата полициски службеници се обиделе да ги сокријат трагите и да го наклеветат поранешниот началник на Полициската управа за Белград за убиството кое се случи во мај годинава..
Ненад Стефановиќ - главен јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград
„Лишени се од слобода поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 12 мај до 3 јуни 2026 година, во својство на службени лица на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, со пречекорување и злоупотреба на својата службена положба, како и со неизвршување на службените должности, му нанеле штета и потешко ги повредиле правата на оштетениот – поранешниот началник на Полициската управа за град Белград. Наведените дејствија се однесуваат на нивното постапување во врска со извршувањето на кривичното дело тешко убиство, на 12 мај 2026 година во ресторанот „27“. “
Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од смртта на 16-те лица при падот на натстрешницата на реновираната железничка станица, трагедија што предизвика бран антивладини протести против корупцијата, предвремените избори и пад на српската влада..
жителка на Нови Сад
- Зборот ’трагедија‘ не го опишува соодветно она што се случи на 1 ноември 2024 година. ’Трагедија‘ подразбира несреќен случај – ненамерен настан – но зад овој термин вешто може да се скрие токму она што сите го бараме: одговорност .Правдата ќе биде задоволена, бидејќи за убиство мора да има виновник; одговорните ќе мора пред судот да објаснат зошто ја втурнаа нашата земја во толку длабока жалост. Никогаш нема да заборавиме. “
Несреќата се случи на 1 ноември 2024 година во 11 часот и 52 минути ...НА Лице место починаа 14 луѓе меѓу кои имакедонски државјанин, а во следните денови и месеци, починаа уште две жртви, додека едно девојче преживеа со трајни последици...МЕЃУ Загинатите имаше четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години...ПОД Притисок на јавноста, по несреќата следеа апсења, меѓу кои и неколку министри и нивни соработници, но до денеска, и покрај тоа што обвиненијата беа изменети и дополнети, никој се уште не е изведен пред суд...

