------Пропадна обидот Левица да ја седне опозицијата на маса
Пропадна уште еден обид на пратеничките групи за пеглање на разликите околу изборниот законик, а кој требаше да го иницира Лавица на ниво на опозициски партии но не го прифатија од Бихаќка.
Во реакцијата на Левица и денеска наведуваат:
Левица
- СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат туку и на политички рефлекс . Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории. Одбивањето координација претставува директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став. Особено симптоматично е што партијата што со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа.
Пропаднатиот обид на опозициските партии и денеска мета на критика на ВМРО ДПМНЕ откако пратеникот Бојан Стојановски ги потсети дека последниот рок во грејс периодот е во среда и дека прифаќаат се што ќе побараат опозициските партии освен делот за гласање на дијаспората на кој инсистира ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ денеска пак со став:
СДСМ
- ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена.Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација?
Од ДУИ пак утрово тврдеа дека се уште не ја добиле поканата за средба но дека остануваат конструктивни за дискусија и за една изборна единица со праг од 5 % но сепак велат за сите овие работи најпрвин разговараат на ниво на органите на партијата пред да донесат било каква одлука.
Сепак од Левица не ја исклучуваат можноста за уште еден обид до 15 ти во среда кога истекува и последниот зацртан рок од грејс периодот откако вече бешпе пробиен редовниот . Сепак сигналите и на Левица и на ВМРО ДПМНЕ денеска не беа позитивни по одбивањето на СДСМ да присуствува на денешната најавена па откажана средба.

