Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои попладнево беа пријавени за изгубени во Скопје

Двете малолетни девојчиња кои попладнево беа пријавени за изгубени во Скопје, се пронајдени кај Рампа во Кисела Вода.

Како што е познато, девојчињата од струмичко биле дојдени на екскурзија во Скопје, а последен пат беа видени кај ТЦ Веро Џамбо. Нивното исчезнување во полиција го пријавила наставничката.

 

Според последните информации, А.Ј (12). и Р.И (14) биле исплашени, но во добра состојба.

Мајката на едно од девојчињата им се заблагодари на сите кои помогнаа и се потрудија да ги бараат. Таа ова го напиша во краток коментар на постот во кој претходно го објави дека се бараат.

Двете девојчиња дошле во Скопје преку училиштето на еднодневна екскурзија, посета на Саемот на книга и Зоолошката градина. Имале пауза да прошетаат и во договореното време да се вратат крај автобусите. Последен пат биле видени во близина на Веро Џамбо. Откако не дошле на договореното место и во договореното време, наставниците пријавиле во полиција.