Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“
Foto

Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud)  на Тамара Тодевска. Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

– „Горда” им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната величина. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра!“, вели Тамара.

Музичкото видео вклучува и камео-појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат. „Горда“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

0 Коментари

Остави коментари