Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“
Foto

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

– По повод три децении од постоење на Театарот за деца и младинци, вчера пред Музејот на современа уметност беше промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“ во која е нотирано се што било важно за развојот на Театарот. 

Според авторот на монографијата Тодор Кузманов, во ова дело се прикажани повеќе жанрови, различни видови претстави и различни естетики. 

- Во текот на неколку месеци заеднички со директорката, со режисерот и други луѓе од Театарот за деца и младинци вложивме сили и напори да излезе овој продукт вака како што изгледа. Во него е направен обид да се нотира се она што било важно во развојот на Театарот за деца. Во прашање се многу жанрови, различен тип претстави, различни естетики, во прашање се режисери од дома и од странство кои со себе носат свој багаж, свое искуство кое го пренесуваат главно на актерите, односно на ансамблот на театарот, рече Кузманов. 

Кузманов изрази надеж дека и во иднина нема да престане љубопитството за откривање нови простори и за биење на битката Тетатрот да им доближи до најмладата публика и соодветно истата да биде едуцирана и израсната со сите благородни, хуманистички наслаги што ветуваат констурктивност во целиот живот.

0 Коментари

Остави коментари