Промовирана монографија „Мојот живот минато мило“ посветена за борецот од НОБ - Величковски
Foto

Промовирана монографија „Мојот живот минато мило“ посветена за борецот од НОБ - Величковски

Mладите генерации да бидат сплотени и обединети за да има прогрес во државата и живот во неа. Вака порача 100-годишниот Јован Величковски, еден од живите борци од НОБ за кого, Ванчо Тркаловски напиша монографија „Мојот живот минато мило“ во кој се опишува животот на еден борец од Втората светска војна, па се до 20-годишнината од суверена и независна Македонија. 

Тој вели дека ако не биле сплотени како македонски народ, не ќе ја имало ниту победата, ниту државата за што ги повика младите да ја чуваат. 

Монографијата „Мојот живот минато мило“ со факти и документи сведочи за борбата на македонскито народ низ призмата на една индивидуа која се борела за независна и суверена држава.

Авторот Тркаловски вели дека книгата е одговор на сите што ја негираат македонската нација.

Издавач на монографијата „Мојот живот минато мило“ е струмичката библиотека „Благој Мучето“. Освен авторот, за ова дело зборуваа и новинарот Ристо Тасев и директорката на библиотеката - Тања Гошева.

0 Коментари

Остави коментари