Промовирана македонската култура и традиција, АКУД „Мирче Ацев“ поздравен со овации во Сицилија
Foto

Промовирана македонската култура и традиција, АКУД „Мирче Ацев“ поздравен со овации во Сицилија

Академското културно-уметничко друштво за народни песни и ора ,,Мирче Ацев"- Скопје беше дел од 74. Меѓународен фолклорен фестивал ,,Mandorlo in Fiore" кој се одржа во Агриџенто, Сицилија. За време на бројните настапи, како и во текот на раскошните дефилиња кои се оддржаа низ улиците на стариот град, АКУД-от блесна во полн сјај презентирајќи дел од богатиот репертоар на игри и песни од различни краишта на земјата. Според проценката од организацијата, фестивалот го проследиja околу 100.000 гледачи кои имаа можност да уживаат во народниот мелос и учесниците ги наградија со бројни овации.

,,Mandorlo in Fiore" е еден од најголемите фестивали кои се под покровителство на УНЕСКО. На овогодинешниот настан учествуваа 18 земји од целиот свет меѓу кои Боливија, Белорусија, Јужна Кореа, Либан, Црна Гора, Индија, Мексико, Колумбија..

Оваа година друштвото одбележува 70 години постоење. Планирани се многубројни настапи и концерти, а воедно и одржување на Меѓународниот студентски фолкорен фестивал кој годинава ќе се одржи по 40ти пат.

0 Коментари

Остави коментари