Промовиран нов модел за извршување затворски казни вон затворски услови со електронски алки за нога
Наместо во затвор, дома со електронска алка 12те македонски казнено поправни установи се преполни. Во управата за санкции веќе е формирано одделение за електронски надзор кој ќе го следи движењето на осудениците.
Директорот на управата Александар Пандов од центарот за обука во Идризово каде се презентира надградениот систем за дигитално набљудување најави дека со овие помагала значително ќе се намали затворската популација и олабават капацитетите во затворите.
Министерот за правда пак Игор Филков смета дека со активирањето на електронските алки како земја се движиме кон европските стандарди за извршување на казните, и инапредуваат човековите права, основа за развој на демократијата. Со новото законско решение за пробација пак Филков очекува да се воспостави правна рамка за поширока примена на куќниот притвор, условениот отпуст и ресторативна правда.
Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање - самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори. Согласно позитивните закони право на алка имаат три категории: бремени жени - мајки на мали деца; возрасни и изнемоштени и тешко болни онодно затвореници со инвалидитет појаснува Пандов.