Промовиран Извештај за слободата на медиумите
Во просториите на Јуроп хаус денеска беше промовиран Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија, изработен од Фондацијата Метаморфозис.
Извештајот нуди детален преглед на моменталната состојба на слободата на медиумите во Северна Македонија. Тој го истакнува напредокот во изминатите години, но ги посочува и постојаните предизвици како што се дезинформации, политички и економски притисок, безбедност на новинарите и празнините во регулацијата на медиумите.
Извештајот содржи и конкретни препораки упатени до државните институции, медиумски засегнатите страни и меѓународната заедница, за да се зајакне медиумската независност, плурализмот и отпорноста.

