Промоција на книгата за деца „Моите омилени песни“ на авторот Смиља Христовска
Foto

Промоција на книгата за деца „Моите омилени песни“ на авторот Смиља Христовска

Под мотото: ЗА ДА БИДЕШ МОДЕРЕН И ФИН, ЧИТАЈ КНИГИ И БИДИ ИН, в сабота на 9. Март ќе биде промовирана книгата за деца „Моите омилени песни“ на авторот Смиља Христовска. Промоцијата ќе се одржи во 17 часот и 30 минути во АТК премиум клубот во Скопје. Оваа книга е првенче за авторот, а во неа има содржано 50 испиративни песни за деца до тинејџерска вораст. Книгата е збогатена е со илустрации на Искра Илиеска, Магдалена Добревска и Андријана Весовска.

 

- Зошто баш Моите омилени песни? Целта на насловот е секое дете да ја земе оваа книга во рака и да рече:Еве, ова се моите омилени песни! Сите ми се омилени! Сите сакам да ги читам! Оваа книга нека биде мала оддишка од сите таканаречени модерни технологии. Наместо едно дете да седи крај мобилниот или таблетот и го троши времето за нестварни фотографии и видеа, нека ја земе оваа книга во рака и нека извлече поука дека зад секоја цел стои голем труд, организација и желба да бидам подобар и успешен, изјави во пресрет на промоцијата, авторката Христовска.

 

 

По промоцијата, книгата ќе може да се купи во продажните места на книжарницата Топер.

0 Коментари

Остави коментари