Промоција на книгата „Романија - Македонија, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ од амбасадорот Благој Зашов

Денеска беше промовирана книгата „Романија - Македонија, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ од амбасадорот Благој Зашов. Книгата е поделена во два дела. 

Првиот се однесува на периодот од декември 1996 до крајот на 1999 година и вториот од 2000 година до крајот на неговиот мандат во јули 2002 година. Текстот е пишуван според годините, а во рамките на секоја година според темите кои биле третирани.