Промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“

Во Дебар Маало во Скопје денеска се одржа промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ, автор на воведниот текст и Марко Коловски, автор на нотографиите.

Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.