Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи
Foto

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Во  организација на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши денеска ќе биде промовирано истражувањето на тема „Насилството во училиштата и меѓуетничките односи“.

Истражувањето, спроведено од страна на Агенцијата за истражување на јавното мислење и маркетинг „БРИМА“, е направено во девет средни училишта од Скопје, Велес, Виница, Дебар и Гостивар во периодот ноември-декември 2019 година.

Важно ни беше да го добиеме мислењето на наставниот кадар и учениците и токму затоа го спроведовме ова истражување. Преку него сакаме да ги поттикнеме сите училишта, наставници/чки, родители, иницијативи, поединци да ни се придружат во градење на подобро општество и заедничка борба за училишта без насилство, велат од „Меѓаши“.

На промовирањето на истражувањето, информираат организаторите, ќе се обратат професори и соработници вклучени во Програмата за мировно образование на Првата детска амбасада во светот Меѓaши.

 

0 Коментари

Остави коментари