Променливото време, опасно по здравјето
Топлото време и сончевите денови ќе завршат, во среда следува нагло намалување на температурите, потврдуваат метеролозите од Управа за хидрометеоролошки работи за Телевизија 24.
- „Од среда се очекува значителна промена на времето и оваа промена ќе биде проследена со зголемена облчност, врнежи од дожд кои што во среда и четврток наместа ќе бидат и доста обилни, ќе дува и засилен ветер од јужен правец кои што во среда во попладневните часови ќе го промени правецот во северен сето тоа ќе предизвика локална појава на грмежи, ќе имаме и развој на нестабилна облачност во одредени места.Како резултат на оваа воздушна маса која ќе се спушта од север ќе имаме значително заладување.“ - велат од УХМР.
Поради невообичаено високите температури за ова време од годината, од брзата попмош за тв 24 велат дека има зголемен број на граѓани кои бараат медицинска помош.
„Овие денови ние во итна медицинска помош имаме зголемен број на граѓани што бараат помош, што колабрираат повеќе на јавни места, поради тоа што влијае и на вариации на притисокот, не доволно течности, им паѓа притисокот и колабираат. Затоа треба да обрнат повеќе внимание на исхрана и на течности.“ - велат од амбуланта Др- Реџепи.
Од брзата помош велат дека ваквите температурни осцилации најмногу влијаат и кај хронично болните и постарите граѓани. Велат влијае сериозно на здравјето-особено на крвиот притисок, на сонот, на промената на расположението,. Порачуваат да се внимава на излегувањето надвор кога е многу топло, да се пешачи редовно и да не се пресојува предолго во климатизирани простории.