Променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.