Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од -1 наутро до 15 преку ден
Времето денеска во македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува.

