Променливо облачно со повремен дожд
Foto

Променливо облачно со повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната температура од четири до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд,  Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до девет степени.

0 Коментари

Остави коментари