Променливо облачно и студено со северен ветер
Foto

Променливо облачно и студено со северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени

Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. В петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

0 Коментари

Остави коментари