Променливо и топло време денеска, со температура до 32 степена – попладне дожд и грмежи
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 8 и 14 степени, а дневните ќе достигнат 26 до 32 степени.
На северот од земјата во Куманово и во Тетово утринската температура ќе се движи од утро 10–11 степени, а дневната од 26–30 степени. Во Источниот регион, во Штип и Берово се очекува утринска температура од 8–10 степени, а дневна од 22–28 степени, со поголема веројатност за пороен дожд.
На југ, во Гевгелија и Битола, утринската температура е 14 степени, а дневната од 31–32 степени, а во овој регион времето ќе биде главно топло со сончеви периоди. Во Западниот регион, во Охрид и Гостивар, утринската температура ќе биде 10 степени, додека дневната од 27–28°C, но попладнето ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.
Особено во планинските и источните делови постои ризик од краткотрајно невреме со град.
Во главниот град, пак, утринската температура ќе биде околу 14 степени, со променливо облачно време и сончеви периоди. Дневната температура ќе достигне до 31 степен, а попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

