Промена на работното време на зонските паркиралишта на ЈП Градски паркинг- Скопје
Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува граѓаните дека од утре (сабота) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ова претпријатие.
-Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 07:00 до 21:00 часот, во сабота од 07:00 до 14:00 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот информираат од Ј.П. Градски паркинг – Скопје.