ПРОКИСНА КРОВОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА НЕФРОЛОГИЈА
Foto

ПРОКИСНА КРОВОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА НЕФРОЛОГИЈА

Повторно протече кровот во струшката болница за нефрологија, а околу десетина пациенти од болничкото одделение ноќта ја поминаа на други оддели. Од синоќа водата од отворените кратери на таванот се цеди во кофи, кровот е во ужасна состојба, а одделението под него наликува на хорор. И овој проблем се провлекува скоро 15 години во клиника во која се лекуваат пациенти од цела држава како и од соседните земји. Оние кои денес ги затековме  иако се задоволни од третманот на лекарите, велат состојбата со кровот е ужасна и бараат проблемот итно да се реши.

В.Д директорот на болницата Александар Попоски вели Министерството за здравство е надлежно за поправка на кровот. Бил распишан тендер но пропаднал.

Изјава др. Александар Попоски в.д.директор на Специјализирана болница за нефрологија Струга

Кровот е оштетен на неколку места и потребна е целосна реконструкција која би чинела околу 150 илјади евра. Ако не се направи есенва, штетата понатаму би можела да биде поголема.

Изјава др. Александар Попоски в.д.директор на Специјализирана болница за нефрологија Струга

Зградата во која е сместена специјализираната болница за нефрологија е стара цели 35 години, а од тогаш до денес правени се само ситни зафати и поправки. Со сотојбата на кровот била запознаена секоја една власт но изгледа периодот од цели 15 години  не биле доволни за интервенција. Менаџментот на болницата сега апелира до Министерството за здравство што поскоро да го реши проблемот кој им е рак рана на лекарите кои работат во установата а најмногу на пациентите кои се години се лекуваат во болницата.

0 Коментари

Остави коментари