Произведени 12.379 мегават часови во изминатото деноноќие, покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 5 декември произведе 12.379 мегават часови (MWh) електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата, повикувајќи се на податоци на Диспечерски извештај на АД ЕСМ за изминатото деноноќие.

-Во Термоелектраните произведени се 9.264 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.115 мегават часови, соопштуваат од Владата.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба биле набавени 3.350 мегават часови електрична енергија.

-Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, појаснуваат од Владата.