ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ – МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО
Foto

ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ – МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО

Ефектите од прогресивиот данок, што Владата го воведе годинава, се многу мали, се оценува во истражувањето на невладината Фајнанс тинк. Економските експерти на денешната дебата оценија дека целата реформа се сведе на многу врева за ништо. Не се остварија црните сценарија за масовен одлив на кадри. Но од друга страна, повисокиот данок не ја намали разликата меѓу богатите и сиромашните. Истражувањето покажува дека најбогатите домаќинства имаат намалување на нивниот вкупен дохот за само 0,6 процентни поени. Сиромашните, пак, не станаа побогати.

- „Економските ефекети од реформата главно се позитивни, но многу мали, дури незначителни. А наспроти тоа, покрај сите аргументи во квалитативната дебата произлегува дека реформата може да има многу потенцијално висока политичка цена“ - изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.

- „Не се случи ништо катастрофално, апокалиптично, ако воопшто некој очекувал такво нешто. Од друга страна, пак, и критичарите на овој концепт би се согласиле дека би се согласиле со оваа квалификација многу врева за ништо, бидејќи нивната или мојата поента е токму тоа. Дека прогресивното оданочување не и носи ништо на Македонија“ - изјави Горан Петрески, универзитетски професор.

Од ИТ секторот, каде платите се далеку над македонскиот просек, велат дека дури 30 насто од информатичарите плаќаат повисок данок.

Министерот за финансии пак е задоволен од реформата. Иако новинарите неколку пати инсистираа тој да каже колку точно пари се слеале во буџетот од прогресивниот данок, тој не даде таква бројка.

Проекциите на невладината организација покажува дека оваа година од прогресивниот данок ќе се соберат 20 милиони евра, додека Владата очекува 25 милиони евра.

Наодите во студијата на „Фајнанс тинк“ покажуваат дека ефектите од даночната реформа се подобруваат кога таа се комбинира со социјалната реформа.

Работодавачите и вработените кои биле анкетирани рекле дека имало малку време за поширока дебата за реформата. Но и тоа дека сега е многу важно да се види како се трошат парите.

Затоа во студијата се препорачува да се подобри ефикасноста на јавната потрошувачка

0 Коментари

Остави коментари