Прогласена е вонредна состојба во 9 општини во Србија, бури и лавини во Турција
И Балканот и делови од Европа се борат со поларни температури и обилни врнежи од дожд и снег. Во Србија, во 9 општини е прогласена вонредна состојба. Во дел од општините има застој во снабдувањето со струја. Снегот и мразот, пред сè во западниот дел на Србија, предизвикаа големи проблеми и во сообраќајот.
Поради обилни врнежи од дожд и опасност од бури и лавини, вклучен е и метео-алармот во Турција. Можен е прекин на морскиот и воздушниот сообраќај во регионите на Мраморното и Егејското Море.

