Професорот Константиновски е пронајден жив
Foto

Професорот Константиновски е пронајден жив

Професорот - архитект Георги Константиновски кој беше пријавен како исчезнат е пронајден жив, денеска во скопско Бардовци, пренесе Плусинфо. Информацијата беше потврдена од семејството на 89-годишниот пензиониран архитект.

Тој се водеше како исчезнат од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош беше пријавено дека е донесено тело пронајдено во Бардовци. Сепак, за среќа, човекот кој бил пронајден бил жив, токму пензионерот Константиновски.

Неофицијалните информации се дека Константиновски бил пронајден паднат во двор во близина на својот дом.

0 Коментари

Остави коментари