Професорите од УКИМ побараа повеќе пари за научни проекти

УКИМ додели награди за своите најдобри научници по повод Светскиот ден на науката за мир и развој.

Дел од научниците кои добијаа награди во своето обраќање потенцираа дека е земја со значаен потенцијал, но дека сепак нашата држава недоволно вложува во истражувачките активности и недоволно ги користи резултатите од истражувањата што претставува пречка за напредок и развој. 

„Науката и технологијата може да го трансформираат општеството, да ги решат предизвиците и со тоа да овозможат подобар живот за секој граѓанин. Затоа е  потребно заедничка посветеност од академската заедница, од индустријата и од Владата. Знаеме дека секој денар вложен во истражување има потенцијал за повеќекратен поврат преку враѓање на средства во државниот буџет преку зајакнување и конкурентна економија.“ - рече универзитетскиот професор,  Димитар Трајанов од факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. 

Во време кога  не можеме да сметаме на многу средства од државата, според професорот Владимир Трајковиќ,  можеби треба да ги поттикнеме и наградиме научниците кои што во својата работа аплицираат голем број на проекти и добиваат голем број на проекти. 

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја. 

Меѓу наградените универзитетски професори за најдобар научник се и професорите Александар Стојков, Даниел Галинов, Андреј Николовски, Александар Узунов, додека пак, во категоријата најдобар уметник на годината на професорката од Драмскиот факултет во Скопје, Зоја Бузалковска.