Професорите на УКИМ со протест ќе бараат покачување на платите

Вработените при УКИМ на 30 јуни со протест пред Владата ќе бараат почакување на платите. 

Како што наведуваат во соопштението, поради игнорантскиот однос на Владата ги повикуваат сите колеги заедно да се изборат за своите права и покачување на платите кои наведуваат се под просекот од останатите земји.

„Во овие најтешки моменти во историјата на УКИМ, излегуваме на протест и го креваме нашиот глас за да се избориме за нашите права. Не смееме да дозволиме власта да не игнорира и да не понижува. Нема веќе да молчиме. Нема да дозволиме да се гази по нашето достоинство“ -  се вели во соопштението.

Имено, овој протест следува откако првично беше одржан протест пред Ректоратот на УКИМ, но без поместување на барањата.