Професор по хармоника од Струга шест години не може да го регулира работниот однос
Foto

Професор по хармоника од Струга шест години не може да го регулира работниот однос

Предава хармоника во средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ во Струга, со полн фонд часови, но со  години работи како хонорарец, со месечен  договор на дело, нередовни примања,без стаж и здравствено осигурување. 28  годишниот професор  Стефан Нестороски од Струга, шест години чека решавање на работниот статус. Секој месец се пријавува во Заводот за вработување  како активен барател на работа иако има полно работно време.

Секоја година и училиштето и Нестороски испраќале барања за трансформација на работниот однос но или биле одбивани или не добивале одговор. Професорот и лично пишувал дописи,  но не добивал  одговор.

Овој професор е само еден во низата од државава кои се соочуваат со ваков нерешен статус. Нестороски  си ја сака професијата, сака да твори во земјава, доказ за тоа се многуте освоени награди и индивидуално и со своите ученици, но вели ако нема решение ќе биде приморан како уште многу други да си замине од државата и подобра живеачка да бара некаде надвор.

0 Коментари

Остави коментари