Професионалните војници со предупредување за штрајк до владата
Со предупредување за штрајк и поставување шатори пред Владата, Независниот синдикат на професионални војници денеска излезе пред Владата со барање за прераспределба на војници по 45. година во други институции, особено во граничната полиција, онака како што тоа им било ветено пред 3 години.
Поддржани од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија , Синдикатот испрати апел до Владата најсериозно да го сфатат проблемот што го имаат професионалните војници и да најдат решение, но ако за една недела не им се иполнат барањата .на 29 мај ќе излезат на штрајк и ке постават шатори пред Владата.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска пак, преку соопштние најавува дека во среда ќе разговара со колегите на владината седница околу трансферот на професионалните војници во другите институции.