Проф. д-р Даниловски: Ако во догледно време не пристигнат вакцините, ќе мора да се размислува и за рестриктивни мерки
Foto

Проф. д-р Даниловски: Ако во догледно време не пристигнат вакцините, ќе мора да се размислува и за рестриктивни мерки

„Нема симптоми по кои може да се разликува, но побрзо се шири што ја прави поопасна за постарите лица и лицата со хронични болести и се претпоставува дека тешките симптоми повеќе се јавуваат кај оваа популација. И оние што прележале коронавирус може да се заразат со јужноафриканската мутација. Прерано е да се каже дали е отпорна на вакцините, но дел од прелиминарните студии на одредени производители покажале дека вакцината делува против оваа мутација. Единственото решение за да се справиме со пандемијата е што побрзо и помасовно да се почне со вакцинација и апелира до власта што побрзо обезебеди вакцини во интерес на јавното здравје. Ако во догледно време не пристигнат вакцините - ќе мора да се размислува и за рестриктивни мерки“ вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Интервјуто со Даниловски го правеше Ивана Стојкова:

0 Коментари

Остави коментари