Проф.Д-р.Цветановски во 24 Анализа: Словенечката академија се понуди да ни прави етимолошки речник како помош во аргументацијата со Бугарија
Мотивот за почнување со работа на изработка на македонскиот етимолошки речник потекна од Словенија. Пред пет години од тамошната Академија на науките стигна предлог да ни изработат етимолошки речник на Македонскиот јазик , како помош во аргументацијата со Бугарија за потеклото и посебноста на македонскиот јазик, изјави во вечерашната 24 Анализа професорот Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик, кој е автор на воопшто првиот том од македонскиот етимолошки речник.
Цветановски во емисијата откри дека научната соработка со Бугарија спласнала по потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка, а треба да е обратно смета Цветановски кој вели соработката сега се одвива едвај на индивидуална основа со некој лингвист научник од нашиот источен сосед,
Првиот етимолошки речник чиј автор е Цветановски е на 650 страници и обработува 2344 зборови, а има и зборови кои ги нема во етимолошките речници ниту на Србија, ниту на Бугарија ниту во Словенските или Балканските речници.

