Проф. Бојаџиева: потребни се структурни реформи за стабилна стапка на инфлацијата

Ниту повисоки плати, а уште помалку интервенции во пазарната економија. За првично намалување на стапката на инфлација и задржување на едно стабилно ниво потребни се стуктурни реформи во македонската економија, вели за Телевизија 24 универзитетската професорка Даниела Бојаџиева.

Според неа работите мора да бидат препуштени на монетарната и фискалната политика. 

Даниела Бојаџиева универзитетска професорка

„Реагирањето на пораст на плати, фиксирање на цени, тоа нема да не однесе никаде, на долг рок ќе не стави во многу полоша позиција од таа што сме сега, а на краток рок би можело да има позитивни ефекти многу малку на нивото на потрошувачка на домаќинствата. Но вкупниот ефект на ниво на економија на долг рок со мерки фиксирање на цени и зголемување на  плати нема да не одведе на подобра позиција од тоа кај сме сега.“

Не како да ја намалиме, посуштинско прашање во моментов според професорката е што е тоа што ја зголемува инфлацијата и како да се лоцираат притисоците кои ги предизвикуваат инфлаторните шокови. Проблемот кај нас е високата базична инфлација, а тоа значи дека македонската економија има структурни проблеми.

Даниела Бојаџиева – универзитетска професорка 

„Страдаме од ниска конкурентност, увозно сме зависни, сите предизвици од увозните цени кои се повисоки се прелеваат кај нас. И ние како економија мора да работиме на менување и подобрување на економската структура и перформансите на економијата. Како нашите компании да ги направиме да бидат поконкурентни. “

Инфлацијата во моментов е на ниво од 4,8 отсто. А на четири члено семејство му се потребни најмалку 65 илјади денари за покривање на минималната потрошувачка кошничка.