Проектот за изградба на ветерен парк во Кичево повторно се актуелизира
Седум ветерници на површина од 29,3 хектари и должина од 7км ќе се градат на 12 км од Кичево блиску до изворот Студенчица.
Проектот за изградба на станица за производство на енергија од ветер постои уште од 2011 год.Тогаш беше отфрлен а сега повторно се актуелизира. Откажувањето на проектот пред повеќе од една деценија беше поради оценка дека истиот би можел да штети на изворите од кои со вода се снабдуваат пет општини.
За дел од кичевските советници е чудно како сега се турка истиот проект но со позитивна оценка за неговото влијание.
За загриженоста на советниците во врска со ова инвестиција и заштитата на изворот Студенчица, експертот за животна средина Менка Спировска вели дека нема да има оштетувања на изворот кој го снабдува со вода овој регион и доколку се случи такво нешто, ќе понесе одговорност инвеститорот и министерството за животна средина.
Според проектот станицата ќе се гради на државен имот и по подготовката на документацијата и почетокот на работите ќе бидат потребни околу 2 години за негова изградба. Граѓаните не се вклучени во јавната расправа.