Проектот за изградба на дом за стари лица во Кочани тапка во место
Истокот старее, младите се иселуваат, а повозрасните остануваат сами. Ова само ја нагласува потребата од изградба на домови за стари лица, каде постарите би ја добиле соодветната нега и грижа.
Единствениот државен дом за стари лица на истокот е во Берово, а изградбата на вакви домови во Штип и Кочани сè уште не се помрднува од мртва точка.
Иако повеќе од потребен за сè повозрасното население, домот за стари лица во кочани ќе чека подобри времиња.